Еден од најдобрите фудбалери на Уругвај, Едисон Кавани, нема да настапи на утрешниот натпревар од четвртфиналето против Франција на Светското првенство во Русија. Напаѓачот на ПСЖ ги постигна двата гола за својот тим против Португалија во осминафиналето, но поради повреда предвреме го заврши натпреварот.
Уругвајската репрезентација соопшти дека фудбалерот нема скинат мускул на листот на десната нога, туку само оток. Но, дека повреда не е наивна говори фактот што Кавани го пропуштил денешниот тренинг.
Отсуството на Кавани ќе претставува сериозен проблем за Уругвај, бидејќи заедно со Луис Суарез се еден од најдобрите напаѓачки тандеми во светот. Натпреварот од четвртфиналната фаза меѓу Уругвај и Франција се игра в петок од 16 часот во Нижни Новгород.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст