| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска акција синоќа на скопските улици, запленети 5 мотоцикли

Од МВР денеска информираат дека во периодот од 20.00 часот вчера до 01.30 часот ноќеска од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Скопје и Полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување, биле преземени посебни мерки и активности во делот на сообраќајот за спречување на организирање и учество во диви трки на моторциклисти.

Притоа, од страна на полициските службеници од Одделението за Безбедност на сообраќајот на патиштата привремно биле задржани пет мотоцикли, поради постоење на сомнение дека во нив се вградени одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените издувни системи, согласно член 54 од Законот за возила. Од министерството велат дека против нивните сопственици ќе бидат преземени мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај и Закон за возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top