| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Физичкиот напад на Саздовски е расчистен, двајца од напаѓачите се во притвор

Министерството за внатрешни работи реагира на информациите кои беа објавени на социјалните мрежи за случајот во кој младиот Никола Саздовски бил претепан во петокот. Оттаму реагираат дека двајца од неговите напаѓачи биле приведени во понеделникот.

– Во врска со настанот од 29.06.2018, Министерството за внатрешни работи потсетува дека случајот е експресно расчистен, а за тоа соодветно ја информиравме и јавноста, реагираат од МВР.

– Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „Насилство“. На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што бил пренесен во Клинички центар “Мајка Тереза“ Скопје. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода, објавил МВР во дневниот билтен во понеделникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top