| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ја демантира Владата – Македонија има датум за датум за преговори

Германија ја демантира Владата –  јуни 2019 година е условниот датум кога Македонија ќе добие датум за отпочнување преговори со ЕУ. Ова индиректно го потврди германскиот амбасадор Томас Герберих.

За Герберих, пораките од Брисел е само позитивен сигнал, а приклучувањето кон Унијата нема да биде по автоматизам, затоа што патот е условен. Мора итно спроведување на реформи во судството, администрацијата како и борба против корупцијата за Македонија да ја добие својата шанса наредната година. Доколку успешно се спроведат реформите,кон крајот на 2019 ќе започнат преговорите.
Остатокот од патот нема да биде лесен, а понекогаш ќе биде долг, нема да има автоматизам . Советот одлучи во јуни 2019 година за тоа дали преговорите за проширување всушност ќе бидат земени во предвид, имајќи го предвид понатамошниот напредок во реформите. Земјите кандидати се уште имаат некои услови кои за нив се важни. Советот очекува дека 2019 година ќе биде успешна година и дека до крајот на 2019 година преговорите ќе започнат, рече Герберих.
 И покрај ваквата изјава на амбасадорот, премиерот го повтори истиот став – Македонија доби датум за преговори во јуни 2019.
– Откако нашите пријатели во Брисел ни доделија датум кога ќе почнеме да ги изодуваме, поглавје по поглавје последните чекори до нашето полноправно членство во ЕУ, да ве повикам да се потсетиме зошто ја избравме нашата стратешка цел да биде членството во Европската Унија, кажа премиерот.
Владата уште од првиот ден инсистира дека земјава добила датум за преговори следната година иако и официјален Брисел а сега и поединечните влијателни земји членки се јасни дека во јуни 2019-та ќе се одлучи кога би почнале преговорите а во меѓувреме треба многу да се сработи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top