
Најголемата ѕвезда на бразилската фудбалска репрезентација, Нејмар поминал 14 минути легнат на тревата по стартови над него на досегашните натпревари од Светското првенство.
Нејмар по дел од нив оправдано бараше интервенција од медицинската екипа, но имаше и добар дел каде што само глумеше и се тркалаше. Поради тоа мислењата во светската јавност одат од крајност до крајност. Едни сметаат дека Бразилецот мора да биде повеќе заштитен на теренот од групи стартови над него, додека други го осудуваат неговото однесување со образложение дека фудбалот не е балет.
Бразил утревечер (20 часот) во четвртфиналето ќе игра со Белгија и останува да се види дали овие реакции ќе влијаат на судиите да го сменат критериумот кога е во прашање Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


