Го смени ли опозицијата односот кон медиумите, ќе проверува вечерва во 22 часот Горан Момироски со потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски во новото издание на емисијата „60 минути“ на „Алфа“ телевизија.
Чувствува ли партијата одговорност за недобивање датум за преговори откако самата учествуваше во пропаста на реформските приоритети. Ќе се судри ли ВМРО со европската народна партија ако повика на бојкот на референдумот. Ќе има ли воопшто референдум? Може ли да се случи референдум заедно со парламентарни избори. Зошто ДПМНЕ се согласи на лажна реформа на разузнавачките служби. Може ли опозицијата да се врати на власт без албански партнер во владата. Влијаат ли на актуелните партиски политики Груевски и Мијалков. Зошто опозицијата не ја следи сестринската ЦДУ на Меркел и други европски десничари за правата на хомосексуалците. На овие и многу други прашања вечерва во 60 минути на Алфа со Горан Момироски одговара Александар Николовски потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ.
Во вториот дел од „60 минути“ порака од режисерот на „Балкан Кан“ и „Трето Полувреме“ најгледаните македонски филмови од независноста. Од Холивуд, Лос Анџелес Митревски со свој видео став за промената на името во прилогот насловен „Секогаш моја никогаш Северна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст