| четврток, 6 декември 2018 |

Да важи и за мигрантите – ЕП бара забрана на бракови со малолетници

Европските пратеници денеска побараа во ЕУ да бидат забранети бракови со малолетници и присилните бракови.

Со 556 гласови „за” и 63 „против“, Европскиот парламент усвои резолуција на пленарната сесија во Стразбур, повикувајќи ги сите земји-членки да ги изедначат своите правила по ова прашање.

Во резолуцијата, која не е правно обврзувачка, ЕП „ги повикува законодавците, како во земјите членки на Европската унија, така и во трети земји, да определат 18 години како минимална возраст за брак”.

Со Резолуцијата се настојува правилата да важат и за „сите државјани на трети земји, кои живеат во ЕУ, вклучувајќи ги и мигрантите, кои би стапиле во брак и пред 18-годишна возраст“ во нивните матични земји.

Данска, Германија, Холандија, Шведска и неколку други членки на ЕУ, во моментов дозволуваат склучување брак на малолетни лица на возраст од над 16 години со согласност на родителите. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top