Голамнот Даниел Субашиќ, кој одбрани три пенали во осминафиналниот дуел против Данска, не успеа да ги задржи солзите и се расплака за време на прес-конференција во Русија. Хрватскиот јунак одговараше на прашањата на новинарите, а емоциите го совладаа на последното прашање, за неговиот однос со Хрвоје Чустиќ.
Тоа е момчето чиј лик го носи на маичка под дресот кога и да игра. Станува збор за негов пријател кој несреќно загина на теренот пред точно 10 години, откако со главата се заби во ѕид. Чустиќ почина од последици на фрактура на черепот и излив на крв во мозокот кога на натпревар меѓу Задар и Цибалија со глава удрил во бетонската ограда на теренот. Судбината сакала токму Субашиќ да ја шутне топката по која Хрвоје тргнал и тоа бил денот кој на Субашиќ му го променил животот.
- Тешко ми е да зборувам за тоа, маичката кажува сѐ- изјави Субашиќ и почна да плаче.
- Извинете на солзите, емоциите се зае**на работа – изјави голманот на хрватската репрезентација.
После смртта на неговиот пријател, Субашиќ се заколна дека ќе носи маичка со негов лик на секој натпревар до крајот на неговата кариера.
- Таа маица ќе биде засекогаш на мене, Хрвоје ќе биде засекогаш со нас – порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.