Трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус е главна тема во последните два-три дена во светскиот фудбал, заедно со Светското првенство. Иако се уште не е официјално дел од италијанскиот шампион, сите светски медиуми пишуваат дека овој трансфер ќе биде остварен.
Прашањето кое се поставува е како Јувентус ќе дојде до него, со оглед на тоа што финансиите потребни за Португалецот претставуваат астрономија за италијански фудбалски услови. Но, сепак и тоа е изводливо.
Ако некој може да ги пробие лимитите во Италија, тогаш тоа е Јувентус. Тоа го покажаа со Игуаин, сега се спремни да загризат многу повеќе и да го донесат човекот со кого би добиле легитимно оружје за напад на толку сонуваниот трофеј од Лигата на шампионите.
Португалецот не е задоволен во Реал Мадрид, тоа стана јасно уште онаа ноќ во Киев кога со својот коментар можеби и ја фрли во сенка третата по ред титула во Лигата на шампионите. Флорентино Перез го изигра за новиот договор, но Роналдо молчеше, работеше и даваше голови додека не заврши сезоната.
Но, Португалецот никако не може да помири што заработува помалку од Меси и Нејмар и дека тука ништо поважно нема да се промени, барем што се однесува до Реал Мадрид.
Иако како главни фаворити во приказната за трансферот за Роналдо беа ПСЖ и Манчестер Јунајтед, сепак тука се појави Јувентус, кој сега ја има улогата на главен фаворит. Торинскиот клуб е спремен да плати оштета од 100 милиони евра, а изгледа и дека Реал Мадрид е спремен да го продаде за таа сума.
Но, тука доаѓа и другиот дел од приказната, можеби и оној попроблематичниот. Како да се плаќа платата на Роналдо?
Со 7.5 милиони евра по сезона, Игуаин е најплатен играч во Калчото, што е три пати помалку од она што во моментов Роналдо го заработува, кој има 23 милиони евра годишни примања од Реал, а тоа е плата со која е незадоволен во мадридскиот клуб. Роналдо сигурно не би заминал од Мадрид за помалку пари, а границата која се споменува дека не би одел подоле е 30 милиони евра.
Јувентус со помош на своите пријатели би можел да дојде до таа магична граница од 30 милиони годишно за Роналдо, што на бруто ниво би дошло и 68 милиони евра годишно. Наводно двата најголеми спонзори на Јувентус, Џип и Адидас се спремни да учествуваат во целата акција и би преземале на себе две третини од платата на Роналдо.
Во целата приказна важно е и што Адидас како технички спонзор на Јувентус таа помош за условува со жртва на Роналдо. Германскиот гигант сака да го преземе Роналдо од лутиот ривал Најк, кој со него е цела кариера. Со оглед на фокусот на Најк кој повеќе се движи кон Нејмар, над Португалецот се става притисок да го промени спонзорот и на тој начин да му помогне на Јувентус да го реализира трансферот, кој скоро сигурно ќе го одбележи летниот преоден рок. Адидас има пресметка дека низ маркетинг многу лесно ќе ги врати средствата вложени за Роналдо.
Во тој случај важна улога би одиграл и менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш, кој неодамна го заврши трансферот на Жоао Кансело во торинскиот клуб и се најде на иста бранова должина со раководството на Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст