| четврток, 6 декември 2018 |

Со лажен златен часовник, гостиварец измамен за 300 евра

Во текот на вчерашниот ден, Ф.М. (65) од с. Врапчиште, гостиварско, пријавил измама од две непознати лица. Околу 11.30 часот во паркот на ул. „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар му се доближило едно лице и му се претставило дека е од Косово и побарало да му помогне да се разберат со друго лице, наводно од Дубаи, а со кое претходно имале сообраќајна несреќа.

Притоа, лицето му побарало пари за да купи златен часовник од странецот кој чинел 2 000 евра. Тогаш Ф.М. му дал 300 евра, го зел часовникот и по подолго чекање да се вратат сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top