| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во тетовско: Работник паднал од корпа на машина, починал на пат кон скопските клиники

Вчера во 15.53 часот во Полициската станица Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив било донесено починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето Р. Б. (67) од Тетово. Додека изведувал работни задачи во фабрика во с. Порој, тетовско, паднал од корпа на работната машина.

Тој бил пренесен како итен случај во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, но по пат им подлегнал на повредите и починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинтиел и екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top