| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка доживеала хорор: Поранешниот девер ја киднапирал среде бел ден во „Жена парк“

Вчера околу 19.00 часот во Полициската станица Карпош, М.М. (30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.30 часот во „Жена Парк“ во Скопје, поранешниот девер Ф.Р. од населба Злокуќани, со употреба на физичка сила ја внел во неговото патничко возило и ја однел во населба Злокуќани, во домот на Ш.С., нејзин поранешен сопруг со кого живеела во вонбрачна заедница.

Потоа Ф.Р. физички ја нападнал, а во еден момент М.М. успеала да избега и се упатила во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top