Зекири се препукува со Реџепи како пратеник, а не како потпретседател на партијата, сметаат од Социјалдемократскиот сојуз. Мухамед Зекири од собраниската говорница го обвини поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи ја претворил ИВЗ во свој пашалак, во кој ги вработил своите најблиски, а не верниците кои навистина ја сакаат институцијата.
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири остро го нападна поглаварот на ИВЗ на седницата посветена на пратенички прашања, велејќи дека Реџепи работи незаконски уште кога пред десетина години застанал на чело на институцијата со оружје и закани. Зекири рече дека и покрај промената на власта во Македонија и скандалите кои постојано го следат Реџепи, успева да опстои на позицијата. Потпретседателот на СДСМ јавно од премиерот побара УЈП, Финансиска полиција и Трудова инспекција да ја прочешлаат ИВЗ.
Ова барања на Зекири предизвика лавина реакции во јавноста, обвинувања го разлутија претседателот на ИВЗ Сулејман Реџепи, кој го повика премиерот Заев да го едуцира неговиот заменик, оти во спротивно работата нема да е на арно.
-Него го мачи тоа што јас како јавен лик сум одликуван од претседателот на Албанија и тоа што кога ќе умрам, ќе умрам со чист образ. Тоа ги мачи овие валкани луѓе кои се трудат да се занимаваат со клевети. Ова не е во ред затоа што педизвикуваат незадоволство на ниво на цела Република. Муфтиите побараа итен состанок затоа што сакаат тој да биде едуциран во спротивно работата нема да излезе добро. Ние чекаме да ги евидентираме проблемите, да влеземе во НАТО, да има успешен референдум. Нема да има успешен референдум ако ИВЗ не го поддржи тој референдум. Јас сега не знам зошто не го воведат во ред овој човек кој постојано клевети. Заев да го воведе во ред или да го едуцира неговиот заменик – изјавил за Журнал Сулејман Реџепи.
„Република“ побара одговор од СДСМ дали партијата стои зад сериозните обвинувања на потпретседателот Зекири, упатени на адреса на претседателот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Од партијата ниту го поддржуваат ставот на потпретседателот Зекири ниту пак се оградија.
– Зекири го искористи инструментот пратенички прашања како пратеник, а не како потпретседател на партијата и нема да ги коментираме неговите изјави и препукувања, велат од партијата за „Релублика“.
Од партијата потенцираа дека иако Зекири е потпретседател на партијата, во Собранието настапил како пратеник.
Премиерот Зоран Заев на барањата на Зекири одговори дека државата не е надлежна да се инволвираат во внатрешните процеси на верските заедници во Македонија, но тоа не значи дека некој е надвор од законот. Заев објасни дека неколку државни институции будно ги следат верските заедници во Македонија.
– Трудовата инспекција ќе добие налог лично од мене како премиер, принципиелно да ги провери сите овие аспекти за да можеме преку вас да го испорачаме одговорот кон свештените лица или муфтиите, имамите кои што постојат во Република Македонија – одговори Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст