| четврток, 6 декември 2018 |

Колумбиските фудбалери Урибе и Бака добија смртни закани

Колумбиските фудбалери Матеус Урибе и Карлос Бака, кои не успеаја да ги реализираат пеналите на синоќешниот меч со Англија, веднаш по завршувањето на натпреварот добиле смртни закани.

Во бројните испади на омраза кон социјалните мрежи, Бака и Урибе се етикетирани како најголеми виновници и нив им се порачува да не се враќаат во Колумбија, бидејќи директно им се загрозени животите.

Дел од навивачите застанаа во нивната одбрана, предупредувајќи дека не смее да са повтори случајот на Андрес Ескобар, колумбиски репрезентативец кој беше убиен во 1994 година во својата земја, само десет дена откако постигна автогол во натпревар на СП против САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top