Фирмата „Пуцко Петрол” во сопственост на градоначалникот на ДУИ во Пласница, Исмаил Јахоски, добила нов државен тендер, овојпат на Службата за општи и заеднички работи на Владата за 50 илјади евра, објави порталот „МКД.мк“.
Според информациите на „МКД.мк“, претходно тендерот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје од 15 милиони евра за набавка на гориво за автобусите го добила „Пуцко Петрол”. Или во последните 18 месеци, според податоците на Бирото за јавни набавки, компанијата на Јахоски добила вкупно 392 тендери вредни 34,56 милиони евра.
Според последниот тендер „Пуцко петрол“ е должен да испорачува гориво за греење за објектите на Вила Дојран, Комплекс вили Охрид, Вила Попова Шапка, Вила 2 Скопје, Вила 3 Скопје и Клубот на Републички органи – Скопје.
Претходно „Пуцко – Петрол“ е потписник на тендерите за ЈСП-Скопје вреден 15,3 милиони евра, гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра, гориво и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница, масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра… На листата на институции на кои „Пуцко – Петрол“ само годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, Управата за јавни приходи…
„Пуцко Петрол“ во 2017 и 2018 година склучил договори за 395 тендери вредни 2.143.110.674 денари или околу 34,56 милиони евра.
И минатата власт склучуваше договори за снабдување со нафта на некои јавни претпријатија и локални заедници токму со „Пуцко петрол“.
Во декември минатата година Министерството за одбрана го раскина договорот со „Пуцко петрол“ за снабдување со мазут поради немање лиценца за трговија со мазут. Овој случај го откри МКД.мк, а потоа следуваше реакцијата на Министерството за одбрана за раскинување на договорот. Тогаш Регулаторната комисија за енергетика објави дека „Пуцко петрол“ без лиценца за мазут снабдувал и други државни институции – Министерство за внатрешни работи, општите болници во Гостивар и Гевгелија, Државниот студентски дом во Скопје, општина Битола… Се разбира одговорност за ова немаше никаде – ни во Министерството за одбрана, ни во МВР, ни во болниците, ни во Регулаторната комисија за енергетика, а еве го „Пуцко петрол“, овојпат со лиценца за трговија со мазут, без никакви проблеми за зимава ќе обезбедува греење за многу државни институции, пишува „МКД.мк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст