| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Македонија подготвено ќе ги дочека преговорите со ЕУ

ivanov2Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана“ во Охрид, прими делегација од Комисијата за европски прашања на парламентот на Кралството Холандија.

Во фокусот на разговорите на претседателот со холандските парламентарци, беше европската интеграција на Македонија и на земјите од Балканот, информираат од неговиот Кабинет.

Македонскиот претседател порача дека Македонија ќе продолжи со спроведувањето на неопходните реформи и подготвено ќе ја дочека одлуката за старт на пристапните преговори со ЕУ, кога таа ќе биде донесена.

Во таа смисла, Иванов го повтори ставот дека Македонија останува целосно подготвена да ги почне преговорите со Европската унија, како што е случај од 2009 година наваму.

Во однос на наметнатиот спор за името, Иванов истакна дека Македонија останува целосно посветена во процесот на преговори под покровителство на Организацијата на Обединетите нации за да се дојде до заемно прифатливо решение.

Тој на средбата со холандските пратеници посочи дека парламентарната димензија на соработка е од исклучително значање и придонесува за продлабочување на односите меѓу  Македонија и Кралството Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top