ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2018
за вработување на работници поради привремено зголемен обем на работа во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија поради привремено зголемен обем на работа, објавува јавен оглас за ангажирање на 35 лица на определено време, додека трае потребата на
институцијата, a најдолго 1 година на следниве работни позиции:
1. Организатор за канцелариско, архивско и стручноадминистративно работење во Одделението за извршување на нормативноправни, стручноадминистративни и архивски работи 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Високо Правни науки, политички науки или организациони науки и управување (менаџмент), работно искуство од најмалку 3 години;
Основна нето плата; 25. 023, 00 денари;
2. Архивар во Одделението за извршување на нормативноправни, стручноадминистративни и архивски работи 3 извршители;
Потребни квалификации;
Образование: Вишо или средно гимназија, право, јавна управа и администрација, претходно работно искуство во архивско работење ќе се смета за предност;
Основна нето плата; 15. 689, 00 денари;
3. Доставувач во Одделението за извршување на нормативноправни, стручноадминистративни и архивски работи 2 извршители;
Потребни квалификации;
Образование: Вишо или средно, со или без работно искуство, да поседува возачка дозвола од Б категорија;
Основна нето плата: 14. 175, 00 денари;
4. КВ графички работник Монтажеркопист во Одделението за печатење и за умножување на материјали 1 извршител;
Потребни квалификации:
Образование; Средно, со или без работно искуство;
Основна нето плата; 1 2. 374, 00 денари;
5. Возач на лично располагање во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 3 извршители;
Потребни квалификации:
Образование; Средно, работно искуство од најмалку
1 година, да поседува возачка дозвола за Б категорија;
Основна нето плата: 19. 046, 00 денари;
6. Возач во гаража во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 4 извршители;
Потребни квалификации;
Образование; Средно, со или без работно искуство, да поседува возачка дозвола за Б категорија;
Основна нето плата: 13. 468, 00 денари;
7. КВ работник заодржување на опремата вулканизер подмачкувач перач во Одделението за превоз и одржување на моторни возила 2 извршители;
Потребни квалификации;
Образование; Основно, со или без работно искуство, да поседува возачка дозвола за Б категорија;
Основна нето плата: 12. 238, 00 денари;
8. Раководител на Одделение за буџетска контрола во Одделението за буџетска контрола 1 извршител;
Потребни квалификации: Образование: Високо Економски науки, работно искуство од најмалку 4 години;
Основна нето плата; 28. 303, 00 денари;
9. Одговорен работникза финансискоматеријално работењеи пресметка на плата во Одделението за сметководство и плаќања 3 извршители;
Потребни квалификации:
Образование; Високо Економски науки, со работно искуство од најмалку 3 години;
Основна нето плата; 25. 023, 00 денари;
10. Контролор за материјалнофинансиско работење во Одделението за сметководство и плаќања 3 извршители;
Потребни квалификации;
Образование: Вишо или средно гимназија, економија, познавање и практична примена финансискоматеријално работење, претходно работно искуство ќе се смета за предност;
Основна нето плата; 15. 689, 00 денари;
11. Контролор на навките на стоки и услуги по договори во Одделението за јвани набавки 1 извршител;
Потребни квалификации:
Образование; Високо Економски науки, правни науки или туризам и угостителство, со работно искуство од најмалку 3 години;
Основна нето плата: 25. 023, 00 денари;
12. Готвач во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 2 извршители;
Потребни квалификации:
Образование: Средно туризам и угостителство, со работно искуство од најмалку 1 година во угостителство готвење;
Основна нето плата; 14. 972, 00 денари;
13. Одговорен келнер во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 2 извршители;
Потребни квалификации:
Образование: Средно, со работно искуство од најмалку 1 година во угостителство;
Основна нето плата: 14. 152, 00 денари;
14. Келнер во Одделението за угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 5 извршители;
Потребни квалификации;
Образование: Средно, со или без работно искуство;
Основна нето плата: 13. 058, 00 денари;
15. Работник за извршување на помошни работиво Одделениетоза угостителство во Собрание, Влада, Клуб на органите на управата, Вили во Скопје и резиденцијалните објекти 1 извршител;
Потребни квалификации;
Образование; Основно, со или без работно искуство;
Основнането плата: 12. 019, 00 денари;
16. Работникза извршување на помошни работи во Oдделениетоза тековно одржување на објектите на државната управа и следење на комунални трошоци 1 извршител;
Потребни квалификации;
Образование; Основно, со или без работно искуство;
Основнането плата; 12. 019, 00 денари;
Кандидатите треба да ги приложат и следните документи;
Своерачно потпишана пријава со точна назнака со број и назив на работното место за кое конкурираат, со наведен контакт телефон и адреса на живење/престојување;
Кратка биографија (CV);
Уверение/Свидетелство за завршено соодветно образование;
Доказ за работното искуство потребно за работното место;
Работното време изнесува 40 часа неделно, a распоредот на истото го утврдува работодавачот, кое може да биде организирано во смени, согласно потребите на работниот процес.
Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.
Пријавите да се достават до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Плоштад „Пресвета Богородица” бр. 3, 1000 Скопје, преку Архивата на Службата или преку пошта.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребнитедокументи, како и пријавите кои нема да бидат доставени на погоре утвредениот начин, ќе се сметаат заненавремени, неуредни и некомплетни и нема да се разгледуваат.
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ги исполнуваат условите.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рокот пропишан во согласност со Законот за работни односи. Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија
извор: fakulteti.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.