| четврток, 6 декември 2018 |

На јубилејниот 40. Илинденски марш ќе учестуваат и две девојки

Истекува рокот за пријавување коњаници за учество на традиционалниот Илинденски марш, кој оваа година се одржува јубилејно по 40-ти пат. Подготовките за маршот ќе почнат наредниот викенд покрај кејот на реката Вардар, а досега се пријавени 20 коњаници, меѓу кои и две девојки.
На маршот, кој на 27-ми јули ќе стартува од Општина Аеродром, ќе се приклучат и коњаници од: Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, а традиционално ќе заврши на 2-ри август во Крушево. Организатор на традиционалната манифестација е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и оваа година финансиски го поддржува настанот.

Илинденски марш

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top