Контроверзниот рокер Аксл Роуз, фронтменот на легендарните „Ганс енд роузис“, е познат по неговото разуздано однесување, по тепачките, тужбите и скандалите, но пред сѐ по одличниот и препознатлив вокал. Неговиот апетит за уништување и опасното однесување влечат корени од проблематичната младост, но и трауматичното детство.
Самиот Аксл вели дека живее како што пее, а зад себе остава уништени хотелски соби, диви концерти и напуштени жени. Бил проблематичен како тиенејџер, велат оние кои го познавале тогаш, но исто така бил исклучително интелигентно дете, а ужасен ученик.
Повторувал години и испити на училиште. Кога ќе се потрудел секогаш бил во највисоките три проценти по успех во споредба со резултатите на неговите соученици. Секогаш кога ќе паднел одделение или ќе го избркале од училиште, почнувал, вели полу на шега, да смислува негова образовна програма.
„Морав да читам книги, да пеам песни и да цртам работи што воопшто не ми беа интересни. Кога конечно се откажав од училиштето имав прилика да се занимавам со теми што ме интересираат, тоа беше еден вид Школо по Аксл“, вели фронтменот на „Ганс енд роузис“ за неговото образование.
Несакано дете
Со музика се занимавал криејќи се од неговиот очув за кого било против неговата вера (бил пентакостален свештеник) да се слуша гласна музика во куќата.
„Пријателите ми се јавуваа и ми пуштаа хитови преку телефон, а јас се преправав дека разговараме“, раскажува Аксл како ја следел рок сцената кога бил дете.
Постојано биле во некаква неволја со другарите. Редовно биле носени во полициска станица, а на таа тема во неговиот роден Лафајет во Индијана има еден куп пишани докази.
„Со месеци бев во затвор за различни срања, а потоа сфатив дека ако не се приберам, ќе го поминам животот зад решетки. Полицијата во Лафајет нѐ мразеше. Ми поднесуваа обвиненија дури и кога типот со кој сум се степал рекол дека не сака да ме изведе пред суд“, рече тој во едно интервју.
До 17 години верувал дека очувот е неговиот биолошки татко, а вистината ја дознал кога дома нашол некои документи. Потоа го сменил името од Вилијам Брус Бејли во Вилијам Брус Роуз Џуниор.
Меѓутоа тој вели дека и неговиот биолошки татко и очувот биле чудовишта. Мајка му имала само 16 години кога останала бремена со него, а по разводот, малиот Аксл кој тогаш имал само две години, бил даден на таткото.
Кога пораснал Аксл правел третмани со контроверзна регресивна терапија за присетување на претходните животи, но и на раното детство.
„Се сеќавам на киднапирање, игли и одвратни мигови. Татко ми сексуално ме злоставуваше, а беше ужасен и кон мајка ми. Затоа имам толку превртен однос со жените и сексот го поврзувам со моќ“, има изјавено тој.
Додава дека односот со мајка му не бил нешто многу подобар. Секогаш бил свесен дека бил несакано дете и кога неговиот очув влегол во нивните животи, мајка му секогаш го ставала новиот сопруг пред синот.
„Гледаше како очувот ме убива од ќотек и никогаш не застана на моја страна. Мојот очув е најопасното суштество на светот“, има изјавено Аксл за очувот кој е татко на неговата полусестра Ејми Бејли која со години го водеше клубот на обожаватели на бендот и патуваше со него на турнеи.
„Не смеевме да гледаме сцени со бакнување и секс и бевме толку индоктринирани, што со Ејми се потсетувавме ако едниот не ја завртеше на време главата од ТВ-екранот. Бевме тепани во секоја прилика“, вели пејачот кој најверојатно само со сестра му имал нормален однос.
За голем дел од неговите проблеми, Аксл го обвинува перењето на мозок што го доживеал како дете и тинејџер. Поради тоа, тој тврди дека не почитува ниедна религија и боледува од манична депресија. Иако му била препишана терапија, тој одбил да се лечи.
Наместо тоа, побарал помош во „природни лекови“ и регресивна терапија од која тврди дека се сетил на малтретирањето од татко му.
Чуден однос кон жените
Кратко време беше во брак со Ерин Еверли. Тој се појавил пред нејзината куќа и ѝ рекол дека ако не се омажи за него, ќе се самоубие.
„Понекогаш бевме прекрасни еден кон друг, бидејќи децата во нас беа најдобри пријатели. Останатото беше пекол“, рече Аксл за жената која е инспирацијата за хитот „Sweet Child O’ Mine“.
По Еверли, беше со манекенката Стефани Сејмор, чија „смрт“ ја оплакуваше во видеоспотот за „November Rain“. Кога во 1993 година ја раскинаа свршувачката, Аксл ја тужеше Стефани за напад, а манекенката поднесе противтужба и рече дека се бранела од агресивниот рокер. На крај се спогодија вонсудски.
Во конфликт и со фановите
Знаеше да се степа и со фановите, па така во 1991 година во Сент Луис скокна од бина и му се нафрли на обожавател кој го снимаше со камера, што беше строго забрането. Се врати на сцената, ја скрши камерата од подот и на микрофон рече „Благодарение на лошото обезбедување сега ќе си одам.“
Тоа почна општа тепачка што резултираше со 60 повредени, 16 уапсени и казна од 200.000 долари. До ден-денес на „Ганс енд роузис“ им е забрането да настапуваат во Сент Луис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст