| четврток, 6 декември 2018 |

Зендели: Договорот за македонското државјанство е чекор назад за Албанците

-Договорот со Грција за македонското државјанство е чекор назад за Албанците, ние имаме свој идентитет. Досега стоеше Република Македонија, а не македонско државјанство- рече пратеникот на опозiциската Беса, Фадил Зендели. Тој претходно го праша премиерот Зоран Заев како ќе пишува во делот за државјанство во пасошите?

-Во договорот се вели македонско/Граѓанин на Северна Македонија. Како ќе стои за Албанците е важно? Дали ќе стои Македонци или државјани на Северна Македонија?- праша Зендели.

Заев одговори дека токму поради мултиетничноста на државата, ќе стои македонско/ Граѓанин на Северна Македонија.

-Секако доколку има уставни измени – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top