| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Договорот е историски, без него иднината на Македонија и натаму ќе беше под прашалник

Договор меѓу Македонија и Грција за спорот со името е историски и многу значаен за иднината на земјата, оцени лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи во интервју за Новинската агенција Журнал и ЖурналТв.

– Договорот е историски и многу важен за иднината на земјата. Без овој договор иднината на Македонија ќе продолжеше да биде под знак прашалник. Многу пати кога сум изјавил дека се ризикува иднината на Македонија ако не се постигне овој договор, овие мои изјави биле оценети како радикални и екстремни, но ова е вистината. Покрај економскиот развој и итеграциите, кои се дел од другите земји од регионот, договорот содржи и еден многу важен процес, а тоа е процесот на хармонизација на меѓуетничките односи – вели Тачи меѓу другото.

Зборувајќи за одлуката на шефот на државата, Ѓорге Иванов да не го потпише законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Грција, Тачи вели дека нема никакво разбирање за оваа одлука која го попречува иднината на земјата.

– Немам никакво разбирање. Луѓе и групи кои се борат против овој договор, како прво се против самиот народ – смета Тачи.

Додека за непотпишувањето на указот за Законот за јазици од страна на преседателот Иванов, Тачи смета дека е иронична одлука.

– Цинична, иронична одлука. Овие луѓе кои бараат разбирање од Албанците за нивниот фрагилен (кршлив) идентитет, прават еден погрешен чекор, негираат друг идентитет. Јазикот е идентитет. Овие луѓе, па и Иванов, како ќе изгледаат пред меѓународниот фактор со вакви дволични тези – вели Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top