| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе старо една недела оставено вчера пред дом за доенчиња во Битола

Синоќа во 23.45 часот на ул. „Васко Карангелески“ во Битола, пред влезот на домот за доенчиња, З.Б. (50) од Битола пронашол женско бебе на возраст од околу една недела.

За случајот бил известен Центарот за социјални работи Битола. Социјален работник излегол на местото и извршил разговор со З.Б., а новороденчето било оставено во домот за доенчиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top