| четврток, 6 декември 2018 |

Дебарски мед ќе се продава на Малта

Група пчелари од Малта викендов престојуваа во Дебар, како гости на дебарските пчелари. Тие го посетија пчеларникот на познатиот дебарски пчелар Блаже Петревски, кој поседува и соодветен сертификат за еко производство.

Според Петревски, гостите од Малта биле многу задоволни од квалитетот на медот и не ја отфрлаат можноста дебарскиот мед да се најде во трговската мрежа во Малта.

– Заедно со другите пчелари ги запознавме со активностите на пчеларските друштва, локациите каде најчесто ги поставуваме пчелните сандаци, производството и секако заштитата на здравјето на пчелите, како и влијанието на временските услови врз самото поризводство, изјави Петревски.

Во општините Дебар и Центар Жупа со пчеларство се занимаваат над стотина пчелари кои во просек годишно, доколку тоа го дозволуваат временските услови, на пазарот пласираат по 15 тони квалитетн мед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top