
Британскиот угостител Ендру Вардл (44) се родил со ретко пореметување со кое мочниот меурот и уринарниот тракт се развиваат надвор од телото. Од овој проблем заболува еден на 30 милиони мажи. Докторите ги вратиле мочниот меур и уринарниот тракт во телото, но никогаш не му пораснал пенис.
Хирурзите сега му ја завршуваат реконструкцијата на функционалниот полов орган со фалопластика. За ова Ендру се подготвувал неколку години и бил на неколку операции. Цената на бионскиот пенис изнесува околу 56.000 евра, но сето тоа го плаќа здравственото осигурвање.

Тој криел дека нема пенис и од најблиските пријатели, но и од девојките со кој бил во врска. Тврди дека спиел со стотина жени, а секогаш измислувал причини за да одбегне сексуален однос, како на пример дека бил дрогиран или дека не го возбудува некоја девојка.
– Многу сум возбуден. Поминав 44 години без пенис и се помирив со фактот дека никогаш нема да водам љубов. Ќе ми биде потребно малку време да се прилагодам. Тоа ќе ми овозможи да се чувствувам, како дел од друштвото, вели Ендру.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


