Српската манекенка Мина Миленковиќ, која десетина дена беше присутна во медиумите поради лажните обвинувања дека е силувана, објавила фотографија на својот Фејсбук профил,додека ужива на одмор во Холандија.
21 годишната Мина, по кривична пријава која ја доби, заминала на прошетка во Ротердам.

Најпрво излегоа обвинувања дека е силувана и претепана. На крајот излезе дека уживала со еден таксист со кој потоа се договорила да ја претепа за луѓето да веруваат во нејзината “трагична“ приказна. Мина всушност не била ниту исчезната, ниту силувана, ниту претепана, туку одлучила да лаже за да го среди љубовниот живот и за да и се врати саканиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


