Камерниот хор „Херувими“ денеска ќе има концерт во Козег, Унгарија, во рамки на 23. Интернационален летен универзитет „Европа во вителот на промените“.
Гостувањето е резултат на соработката помеѓу Институтот за напредни студии од Козег и новоформираниот Институт за напредни студии „Логос“ од Скопје.
На концертот ќе бидат изведени дела од Јоан Хармосин – Охридски, Андон Шахпаски, Манасиј Поп Тодоров, Васил Иванов Бојаџиев, Јаков Протопсалт, Јане Коџабашија.
Камерниот хор „Херувими“ досега има реализирано поголем број концертни настапи на разни домашни и меѓународни манифестации и е активен носител на програмата на Школата по црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпски“.
Овој настап е дел од концертната дејност на хорот „Херувими“ преку која повторно оживуваат творбите од голем број ракописи и печатени книги на црковното пеење од словенско-византиската традиција настанати на територијата на Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст