Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи седница на која пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите. Оваа седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, но поради патувањето на премиерот Зоран Заев беше одложена за денеска.
Според воспоставената практика први прашања ќе поставуваат пратениците од опозицијата.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска треба да одржи редовна понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи, после која треба да биде објавено дали на 5 јули, четврток или на 6 јули, петок ќе се одржи седницата на која повторно треба да се гласа законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името.
Џафери ова го најави на средбата со новинарите одржана во петокот, откако претседателот Ѓорге Иванов го врати законот за ратификација на Договорот без потпшишан Указ и со образложение на причините зошто го прави тоа. Претседателот на Собранието на истата средба кажа и дека по изгласувањето, Договорот, но и Законот за употреба за јазиците, кој исто така не е потпишан од Иванов, ќе ги прати во Службен весник. Едно од решенијата е тие да бидат пратени во Службен весник само со потпис на Џафери.
Неделава треба да се очекува и разрешница во врска со составот на Државната изборна комисија. Огласот е завршен, а треба да биде свикана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и да бидат соопштени имињата на нејзините членови. Во јавноста веќе циркулираат имињата на потенцијалните кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст