Во вториот натпревар кој се решаваше преку пенали денеска, Хрватска славеше над Данска во осминафиналето на Светското првенство во Русија.
Единствените два гола на натпреварот паднаа во првите неколку минути, кога прво Данска поведе во првата минута од натпреварот, за две минути подоцан Марио Манџуќиќ да израмни за неговата репрезентација.
До крајот на натрпеварот немаше повеќе голови, а во продолжението Лука Модриќ имаше шанса да ги прекине маките на хрватските натпреварувачи и уште веднаш да ја поведе Хрватска во четвртфинале. Сепак, играќот на Реал Мадрид не успеа да ја затресе мрежата на голманот Каспер Шмајхел при доделениот пенал во 115 минута.
На крај, тој даде еден од пеналите кои ја прават Хрватска новиот четврфиналист.
Претходно, во дуелот против Русија, Шпанија изгуби на пенали, а Андрес Иниеста засекогаш се прости од шпанската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст