| четврток, 6 декември 2018 |

Телевизорот летна од тераса: Аргентинец ги загуби нервите по поразот од Франција (видео)

Вчерашниот пораз од Франција беше сериозен удар за аргентинскиот фудбал, но од испаѓањето од Светското првенство посебно беше погоден еден навивач од Кордоба, кој го фрли телевизорот од прозорецот по натпреварот. Аргентина беше поразена од Франција со 4-3.

Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ вчера беше Килијан Мбапе кој постигна два гола и изнуди еден пенал. Покрај него за Французите погодија и Антоан Гризман од пенал и Бенџамин Павар.

Головите за Аргентина ги дадоа Анхел ди Мариа, Меркадо и Серхио Агуеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top