Пратеникот Павле Богоевски реагира на синоќешната полициска рација во ноќните локали и апсењето на сопственикот на Сектор, Огнен Узуновски Ози. Тој порачува дека заедно со пратеничката Ивана Туфегчиќ во наредниот период ќе ги искористат, како што вели, сите механизми кои ги имаат на располагање, за јавноста да дознае за оправданоста, основаноста и конкретниот исход на овие рации.
– Манифестацијата на сила беше едно од основните обележја на режимот. Но, веќе подолго време во скопските клубови се спроведуваат некакви акции, рации од страна на полицијата и инспекциите. Начинот на кој се прави тоа секогаш е со големо полициско присуство, во текот на работното време на клубовите и на начин на кој се попречува нивното работење. Но најлошо од се’, на начин на кој јасно се манифестира полициската сила. Тоа уште повеќе ја урнисува, и онака малата и кревка доверба на граѓаните во полицијата.
– Има начини на кој инспекциите можат да го проверат работењето на клубовите без да го попречат нивното работење. Има начин на кој можат да се фатат дилерите на дрога, лицата кои незаконски носат оружје или да се утврди присуство на малолетници (доколку ги има) без толкава манифестација на сила. Уште повеќе, рациите се ужасно неефикасни за долгорочно справување со ваквите проблеми.
– Оваа практика мора да се промени, бидејќи ужасно наликува на едно време кое би требало да го имаме оставено зад нас. Во наредниот период јас и колешката Ивана Туфегџиќ ќе ги искористиме сите механизми кои ни се на располагање, за јавноста да дознае за оправданоста, основаноста и конкретниот исход на овие рации. Како и за можните алтернативни начини на дејствување на институциите со кои би се постигнала истата цел.
п.с. Ognen Uzunovski Ogi беше еден од најактивните борци против режимот. Неговото кафуле ни беше прибежиште на сите, беше местото каде знаевме дека сме безбедни. ВМРО постојано го таргетираше со инспекции и често пати го казнуваше. Ама ни вмро не се дрзна да го уапси. А ние го сторивме тоа. Срамота, пишува Богоевски на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст