| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор во Тетово на диво лекувал пациенти од рак на кожа

Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши контрола кај ресенчанец кој подолг период „лекувал“ пациенти со рак на кожата и други дерматолошки проблеми со лек кој самиот го подготвувал. Тој лекувал во амбулантата „Натура Медика“ во селото Џепшиште кај Тетово, и тоа секоја недела од 09 до 15 часот.

За еден третман, пациентите плаќале по 500 денари, а им било препорачувано да се третираат два пати на ден, објави Алсат-М.

– Инспекторатот утврди дека лицето со иницијали Н.П. користи препарати за лекување на пациенти кои се со стаклена амбалажа и без декларација. За работата што ја работи, нема работна дозвола. Во однос на препаратите кои ги користи за време на третманот на рак на кожа и на некои други видови на рак, а за кои поседува одредена документација, лицето е испратено до Агенцијата за лекови за верификација. Во однос на констатираната фактичка состојба, Инспекторатот издаде забрана за вршење на утврдената активност на Н.П., како и забрана за работење во амбулантата Натура Медика во Џепчиште, рекоа од здравствениот инспекторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top