
Синоќа во 23.55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.Ц. (56) пријавил дека истиот ден околу 23.30 часот на булеварот “Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица му била извршена тешка кражба на дрзок начин при што му бил одземен еден ранец во кој имало четири илјади евра, 50.000 денари и лични документи.
Сторителите кражбата ја извршиле на тој начин што додека пријавителот се возел со велосипед, лицата со моторцикл му се доближиле од позади грб и од корпата му го одзеле ранецот по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


