| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент синоќа во Шутка: Две лица се обиделе да киднапираат 19 – годишно девојче

Синоќа во 23.50 часот во Полициската станица Чаир С.Г. (19) пријавила дека истиот ден околу 21.30 часот додека се движела по улицата “Индира Ганди“ позади неа се движело возило во кое имало две лица.

Во еден момент возилото се доближило до пријавителката и застанало и притоа едниот ја фатил за рака и почнал да ја влече, а другото лице ја туркал од позади грб со намера да ја внесат во возилото и откако викнала по нејзиниот татко лицата го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

(Фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top