| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна поплава во Барајево: Водата носеше мебел од домовите, за неколку минути жителите останаа без покуќнина (фото)

Невреме со силен ветер и големи количини дожд вчера погодија повеќе делови од северот и истокот на Србија. Обилните дождови парализирале бројни белградски населби, а најпогодени се Гроцка, Раковица и Барајево, каде улиците се под вода, куќите и нивите се поплавени, а голем број жители останаа без струја.

Силно невреме ја погоди синоќа Суботица и Нови Сад, а траело околу десетина минути, при што се поплавија улици,подвозници и многу објекти, сообраќајот бил блокиран.

При пад на стебло на возило во движење во Суботица едно лице е полесно повредено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top