
По протестот пред Град Скопје кој утрвото го одржаа моторџиите заради воведувањето на тарифа за плаќање на паркинг за мотори во главниот град, градоначалникот Шилегов прими дел од претставниците на мото клубовите на разговор. Тој предложи тарифа од 5 до 7 денари за час, а наиде на остри критики од моторџиите кои му посочија дека и онака веќе плаќаат поскапа регистрација, а низ метрополите во Европа никаде не се наплаќа ваква давачка.
– Зошто сакате да наплаќате? Дали ова што го правите е со причина прибирање финансии или регулирање? Дали сте размислиле низ какви улици возиме, не водите грижа за нас. Покажете прво чувство за наша безбедност па после да дебатираме. Пред да донесете ваква одлука не сум слушнал да поканите било кој од било кој мото клуб на разговор. Размислите пред да донесете одлука, ние ова го сфаќаме само како начин градот да добие финансиски средства, ништо повеќе – рече еден од моторџиите.
– Не ни треба паркинг места и така плаќаме поголеми давачки за регистрација. Ќе паркирам јас како сакам, а не вие да ми кажете како да паркирам, се фаќате за најбенигниот проблем, додадоа моторџиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


