
СДСМ ги потценува граѓаните и си поигрува со нивната интелигенција, намалувањето на цената на електричната енергија од само 0,1 отсто е доказ како Зоран Заев го подразбира подобрувањето на стандардот на граѓаните.
-Сите оние кои плаќале струја по 3000 денари со „огромното достигнување“ на Зоран Заев и со „подобреното работење“ на ЕЛЕМ, ќе плаќаат по 2997 денари, односно за цели 3 денари помалку. На годишно ниво, со ваквиот успех на Владата на Заев, граѓаните ќе заштедат цели 36 денари. Да не беше трагично ќе беше смешно. Меѓутоа, пред неполни две години, истиот Зоран Заев и истиот СДСМ побараа намалување на електричната енергија за цели 30%. Нивниот аргумент беше дека цената на регионалните берзи била ниска и Регулаторната комисија морала да го земе предвид тој факт и да донесе одлука со која што би се намалила цената на струјата за една третина, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Послушниците на Заев се подбиваа со одлуката на РКЕ да ја намали цената за 0,33% или тројно повеќе од тоа што е намалена сега. Еден од тие кои сметаа дека со намалување на цената на струјата за 0,33% Владата ги онади во здрав мозок е и доскорашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


