| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се топли на грчкото сонце, друштво му прави вицепремиер

Македонскиот премиер Зоран Заев го поминува викендот на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“, а веста ја пренесуваат речиси сите грчки портали.

Заев на викенд одмор таму е отиден со сопругата, во придружба на еден од вицепремиерите кој исто така е со сопругата.

Според грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е исклучиво приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top