| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Египет пред граѓанска војна

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска предупреди дека судирите во Египет меѓу приврзаниците и противниците на симнатиот претседател Мухамед Морси се закануваат да прераснат во граѓанска војна.

–          Во Сирија веќе беснее граѓанска војна, а Египет оди во тој правец. Ние би требало да сакаме египетскиот народ да избегне таква судбина, изјави Путин за време на посетата на Казахстан.

Министерството за надворешни работи на Русија претхоно апелираше до сите страни во египетската политичка криза да покажат воздржаност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top