| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските кошаркарки ги победија Романките со 18 поени разлика

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија составена од играчи до 20 години ја постигна и втората победа на Европското првенство - Б дивизија

kosarkarki-500

Во Албена денеска е совладана Романија со 72:54 (19:17; 22:12; 14:13 и 17:12).

Нашите кошаркарки ги добија сите четвртини, а водството постојано го зголемуваа и предноста од повеќе од десет поени направена во втората четвртина умешно ја зголемуваа во вториот дел.

Најдобра во македонската селекција беше Александра Стојановска која имаше „дабл-дабл“ учинок 19 поени и 13 скокови, а двоцифрен ефект имаше и Анжелика Митрашиновиќ со 17 поени и 10 скокови.

Македонија утре е слободна, а в понеделник игра против домаќинот Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top