| четврток, 6 декември 2018 |

Динамо Загреб со најмлад состав во Европа минатата сезона

Според податоците на Меѓународниот центар за фудбалски студии, екипата на Динамо од Загреб е новиот шампион на стариот континент според просечна возраст. Хрватскиот клуб во сезоната 2017-18 имаше најмлад состав со просек од 24,37 години. Во оваа студија на МЦФС се вклучени 26 национални првенства на стариот континент.

Во Европа пак, највозрасна екипа е италијанскиот првак Јувентус со просек од 29,6 години, а по него следува турски Галатасарај со просек од 29,1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top