28 годишен кичевец и 19 годишен Албанец се уапсени поради сексуално злоставување на прилепчанка која имала заостанат психички развој.
Кичевецот и неговиот познаник од Елбасан, Албанија, на 3 овој месец ја одвеле 28 годишната девојка во подрумските простории од зграда на улицата Гоце Делчев во Кичево. Таму, Албанецот и се нафрлил и почнал да ја допира по целото тело, а Е.К. од Кичево гледал и вршел други полови дејствија. Целиот настан го забележал полицаец кој го слушнал плачот на девојката. Напаѓачите биле веднаш приведени, а истражен судија им одредил 30 дена притвор.
Девојката е пренесена на преглед во општата болница во Кичево, а на местото на настанот извршен е криминалистичко технички увид. Од страна на дефектолог од кичевскиот Центар за социјални работи потврден е заостанатиот психички развој на девојката. Притворениот албански државјанин имал нерегулиран престој во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


