| четврток, 6 декември 2018 |

Апелацискиот суд му ја укина пресудата на Панчевски за мобинг

Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда против поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, по тужбата за мобинг што против него ја поднесе Горан Стаменковски, поранешен раководител на одделот за човечки ресурси во Основниот суд Скопје 1, а актуелен советник на премиерот Зоран Заев.

Во одлуката на Апелацискиот суд се наведува дека пресудата е нејасна, неразбирлива и не содржи доволно образложени причини за решителни факти од кои се раководел првостепениот суд.

Исто така, во одлуката стои дека основан е и жалбениот навод на тужениот Панчевски за погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба.

Стаменковски минатата година го тужеше Панчевски за мобинг. Според него, експретседателот на Судот го деградирал затоа што бил учесник на протестите на шарена револуција во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top