Косовскиот премиер Рамуш Харадинај прими денеска 14-члена делегација, составена од поранешни воени лица и цивили, од повеќе држави, кои служеле во Косово по војната, како претставници на Советодавниот тим на НАТО.
Според соопштението на владината прес-служба, Харадинај им се заблагодарил за поддршката што ја пружиле на Косово во транзицискиот период, нагласувајќи ја помошта на експертите на НАТО во трансформацијата на Одбрамбените трупи (ТМК) во Заштитни сили на Косово (ФСК).
– Направена е голема работа од екипите на силите на НАТО и за тоа ќе бидеме вечно благодарни на Северноатлантската алијанса. ФСК е денес мултиетничка сила, со професионализам и подготвена според стандардите на НАТО, подготвена да придонесе за мирот во Косово, во регионот и во светот, изјавил косовскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст