| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичко: Со секира, дрва и камења кршеле продавница и ги нападнале сопствениците

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.Р. (29), А.Р. (25) и Д.Р. (24), сите од село Баница, струмичко за сторено кривично дело – “насилство“.

На 3-ти овој месец, во продавица во село Баница, струмичко, по упатени закани, првопријавениот, кој бил во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал сопственикот на продавницата и неговата сопруга. По ова, К.Р. зел секира, и повторно упатувал закани кон оштетените, но и кон други лица присути пред продавницата, по што заминал.

По кратко време, пријавените заедно со неколку непознати лица, се вратиле во продавницата, при што со камења, стапови и секира извршиле оштетување на продавницата, куќата во која се наоѓа продавницата и возилата паркирани во дворот, и притоа повторно физички ги нападнале сопственикот, неговата сопруга и уште некоклку лица нивни роднини нанесувајќи им телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top