| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата го фатила на место: Скопјанец се самозадоволувал синоќа во Градски парк во близина на две девојки

Денеска во 01.00 часот по полноќ во Полициската станица Центар, И.Н. (24) од Скопје пријавила дека на синоќа околу 23.30 часот во Градски парк, додека била во друштво со своја пријателка Е.К., забележале машко лице кое што во нивна непосредна близина вршело полови дејствија, односно се самозадоволувало.

По пријавувањето на настанот полициски службеници го затекнале лицето на место на настанот. Се работи за З.Ш. (36) од Скопје, тој бил лишен од слобада и приведен во полициска станица.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top