Татко и три сина од Тетово се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на излезот од албанскиот град Прењас, пренесува МИА.
Како што пренесува агенцијата Балкан веб, тешко бил повреден Насип Рамадани од Тетово, кој управувал со возилото, додека трите други патници, кои биле негови синови, се полесно повредени. Четворицата во Албанија влегле како туристи и планирале повеќедневен одмор во Драч.
Според албанската полиција, тешката сообраќајна несреќа се случила кај месноста „Кривината на Пишкашит“ . Очевидци изјавиле дека автомобилот го изгубил правецот на движење, удрил и го пробил заштитниот браник на патот, се превртел неколкупати и паднал во Линганц, притока на реката Шкумбин.
На помош први пристигнале лица кои во тој момент патувале по тој патен правец, кои ја информирале и полиција. Повредените биле транспортирани во болницата во Прењас со брза помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Сообраќајна несреќа на патот Ресен-Битола: Сообраќајот е во прекин