
Барање за поништување на Договорот од Преспа и барање за поништување на писмата од Грција до НАТО и ЕУ, испратија до Уставниот суд на Грција, Грчката федерација на културните здруженија на Македонците и Пан-Македонските асоцијации на Македонците од дијаспората.
Од организациите, сметаат дека Договорот го крши Уставот и „води до распаѓање на Грција по брза постапка“ и бараат да се повлечат писмата до НАТО и ЕУ за тргање на грчкото вето за Македонија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во барањето до Уставниот суд на 32 страници, детално ги објаснуваат нивните ставови со кои го поткрепуваат барањето.
– Договорот го прекршува член 27 од Уставот според кој пред да се потпише договорот потребно е претходно гласање во парламентот и тоа со зголемено мнозинство, бидејќи вклучува промена на географски термини (регионот на Македонија во конкретниот случај), пишуваат од организациите во барањето, а во друга точка велат дека било прекршен Уставот бидејќи договорот бил потпишан и покрај „противењето на грчкиот народ за било какво отстапување на името, без одржување референдум“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


