Aргентинската легенда, Диего Марадона (57), понуди награда од 10.000 долари за оној кој ќе му ја отрие личноста која на друштвените мрежи го прогласи за мртов. Откако Марадона заспа на натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија во Санкт Петербург, на интернет се појавил пост во кој машки глас објавува дека легендарниот поранешен фудбалер по мечот починал во болница од срцев идар.
Таа вест брзо се раширила во Аргентина, а наводно сестрата на Марадона завршила во болница бидејќи не можела да го контактира својот брат и здравствената состојба драстично и се влошила. Преку својот адвокат, Матијас Морле, Марадона нуди награда од 300.000 аргентински песоси (околу 10.000 долари) за оној кој ќе го идентификува човекот кој ја пуштил оваа лажна вест.
Мараодна мораше да побара медицинска помош, а според зборовите на Морле, тоа не е прв пат бидејќи Диего и порано имал проблеми со срцето.
– Диего емотивно доживува се што се случува на теренот, таков беше и како играч и како тренер, таков е и каков навивач, изјави Морле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст