Стејт департментот го објави годишниот Извештај за трговија со луѓе. Во уводното излагање на државниот секретар Мајк Помпео, се вели дека „САД остануваат посветен лидер во борбата против глобалната закана. Ставањето крај на трговијата со луѓе, е главен приоритет за администрацијата на претседателот Трамп, посветувајќи целосни владини ресурси во справувањето против овој криминал“.Во делот посветен на Македонија, се вели дека Владата не ги исполнува минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе во целост.
Според Стејт департментот, македонската влада покажала зголемени напори во обука на лицата директно инволвирани и „одговорни за идентификација на жртвите и работа со локалните власти за воспоставување на локални акциони планови за борба против трговијата со луѓе“.
Оттука, Владата, се вели во извештајот, формирала работна група за борба против трговија со луѓе, реактивирајќи ги мобилните тимови за идентификација во четири региони, а испратила и социјални работници одговорни за спроведување на проактивна идентификација на жртвите на граничните премини и кампови за мигранти и бегалци.
„Сепак, Владата не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области. Владата на Македонија идентификуваше шест жртви и осуди еден трговец со луѓе, судиите продолжија да издаваат слаби казни, а агенциите за спроведување на законите немаа доволен персонал за да спроведат соодветни проактивни истраги. Владата воедно го намали целокупното финансирање за заштита на жртвите, и не додели грантови за невладини организации за борба против трговија со луѓе, и покрај тоа што невладините организации идентификувале и помагале на бројни потенцијални жртви – идентификувани во текот на годината“, стои во документот.
„Корупцијата и официјалното соучество во кривичните дела на трговија со луѓе, и натаму претставуваат значителна загриженост; додека владата обвини државен службеник за соучество во 2017-та година, нема поведено судска постапка против владин претставник за соучество, и тоа во неколку истраги што ги иницираше во последниве години“.
Во рамки на препораките за справување и сузбивање на проблемот, во извештајот се наведени енергични истраги, судски гонења и осуди за трговците со луѓе, вклучувајќи ги и официјалните лица – соучесници. Меѓу останатите препораки се и „распределување на доволно ресурси и персонал во полициски единици за борба против трговија со луѓе за проактивно испитување на појавата; а тука е и обезбедувањето на напредна обука за судиите, обвинителите и вработените во агенциите за спроведување на законот“.
„Владата ги одржуваше напорите за превенција на трговијата со луѓе“, вели Стејт департментот. „Националната комисија која ја чинат владини агенции, меѓународни и невладини организации, се состануваше редовно и објавуви годишен извештај за своите активности. Владата во јули, 2017-та година, назначи нов национален координатор кој ја предводеше Националната комисија и ги координираше напорите за борба против трговијата со луѓе“.
„Сепак, надлежните лица веќе трета година по ред, немаат изготвено јавна проценка“, се додава во документот.
На крајот, Стејт департментот потенцира дека „како што беше објавено во изминатите пет години, Македонија е извор, транзитна и земја-дестинација за мажи, жени и деца, подложени на трговија со луѓе и принудна работа. Жените и девојките во Македонија се подложени на принуден секс и принудна работа во земјата, и тоа во ресторани, барови и ноќни клубови. Меѓу жртвите од странство кои биле предмет на трговија заради сексуални услуги во Македонија, обично потекнуваат од Источна Европа, особено од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Романија, Србија и Украина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст