Владимир Ѓорчев во емисијата Анализа 24 ТВ во дебата со Мухамед Зекири вчера потенцираше дека функционери од владината коалиција си делат тендери, што претставува сериозна пречка за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Ѓорчев го спомена случајот во кој фирмата на градоначалникот на Општина Пласница кој ќе го снабдува ЈСП со гориво.
Станува збор за тендер на ЈСП во кој учествуваше и го доби фирмата Пуцко Петрол која е во сопственост на Исмаил Јаовски, актуелен градоначалник на Пласница од редовите на ДУИ. Ова не е единствен случај и е еден од многуте во кои е вмешана оваа фирма со добивање на тендери од државни и јавни институции, меѓу кои Министерство за внатрешни работи, општите болници во Гостивар и Гевгелија, Државниот студентски дом во Скопје, општина Битола.
Пратеникот Ѓорчев го спомена и растот на економијата од 0,1% кој кажа дека тоа не е раст туку стагнација, откако СДСМ е на власт, во контекст на ЕУ интеграцијата на нашата земја односно напредокот што се очекува од Република Македонија. Корупцијата која што треба да се искорени и е услов за влез во ЕУ и НАТО наместо да се работи против истата, таа е во пораст. Цела една година откако СДСМ е на власт корупцијата е во подем, а за сметка на тоа економијата тоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст